петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинTesla Model 3 доби опасен ривал од Кина
spot_img

Tesla Model 3 доби опасен ривал од Кина

BYD Seal е нов електричен седан кој доаѓа од Кина.

Кинескиот BYD го претстави надворешниот дизајн на електричниот седан Seal пред неговото деби на претстојниот салон за автомобили во Пекинг.

Целосно електричниот модел со 4 врати се надоврзува на минатогодишниот концепт Ocean-X и ќе се базира на новата механичка е-платформа 3.0 наменета исклучиво за електрични возила.

Seal (фока) ја продолжува номенклатурата со „океанска тематика“ во опсегот на возила BYD, каде имињата од морскиот свет се резервирани за електрични возила како што е Dolphin (делфин), додека plug-in хибридните имиња ги користат имињата на воените бродови (Destroyer).

Во однос на дизајнот, Seal е еволуција на претходниот футуристички концепт со слични динамични линии и LED осветлување. Генерално, моделот е доказ за значителното подобрување на стандардите за дизајн на кинеските производители на автомобили.

Според протечените документи, должината на моделот BYD Seal е 4.800 mm, ширината 1.875 mm, а висината 1.460 mm, додека меѓуоскиното растојание е 2.920 mm. Овие димензии го прават малку поголем од Tesla Model 3, чија главна конкуренција планира да биде овој модел.

Слични димензии се очекуваат и од претстојната Toyota bZ SDN која наводно ќе користи BYD технологија.

Основниот Seal EV се очекува да има еден електричен мотор поставен одзади, кој ќе произведува 150 kW или 230 kW (204 или 313 КС), во зависност од моделската варијанта, додека седан со два електрични мотори ќе биде на врвот на понудата.

Овој автомобил ќе нуди погон на сите тркала и ќе комбинира два погонски агрегати: мотор од 160 kW (218 КС) напред и мотор од 230 kW (313 КС) назад, што овозможува забрзување од 0-100 km/h за 3,8 секунди.

Батеријата од 800 V обезбедува автономија до 700 km. Инаку, во зависност од варијантата, BYD Seal тежи од 1.885 kg до 2.150 kg.

Локалните медиуми сугерираат дека BYD Seal ќе чини помеѓу 220.000 и 280.000 јуани (34.500-44.000 американски долари), што го прави многу поевтин од Tesla Model 3 кој има почетна цена од 339.900 јуани (53.400 долари) во Кина.

Засега е познато дека новиот EV нема да биде резервиран исклучиво за кинескиот пазар. BYD потврди дека ќе се нуди во Австралија од 2023 година под името Atto 4, додека подоцна автомобилот би можел да стигне и на некои други светски пазари.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ