четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsOдбележан Денот на Ромите во Штип
spot_img

Oдбележан Денот на Ромите во Штип

Со низа активности одбележан Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април во Општина Штип. Утринава се постави знаме на Ромската заедница на јарболот пред општината, потоа најдобрите ученици и студенти од Ромска заедница добија ваучери од страна на првиот човек на Општина Штип, Иван Јорданов, а се положи и свежо цвеќе на Исарот на борците од Ромска националност.

„Денес е 8 април, Меѓународниот ден на Ромите. По тој повод организиравме неколку настани, во кабинетот кај мене ги примив најуспешните ученици и студенти од Ромската заедница, им доделивме ваучери и еден скромен подарок во насока на поддршка на се она што го прават и со кое допридонесуваат во нашето општество. Сметам дека ќе биде еден дополнителен стимул да продолжат по вистинскиот пат по кој започнале. Исто така, работиме на низа прокети со кои ќе ја интегрираме Ромската заедница во нашето општество и на низа инфраструктурни проекти со кои ќе се подобрат условите во кои што живее Ромската заедница“ – кажа Јорданов.

Со заедничко почитување и вреднување може да се отсртани незадоволството кое постои. Од нас за нас да, но не без опкружувањето, стоеше во честитката за денешниот ден на Ерол Адемов.

„Сите ние сме горди на на нашата национална припадност и идентитет, но да не заборавиме да работиме за колективните наместо за индивидуалните интереси. Можеме да бидеме незадоволни, да се чувствуваме игнорирани, изманипулирани и несоодветно третирани, но не смееме да се откажеме од битката која ја водиме со децении. Незадоволството и разочараноста ќе ги промениме само заедно, сѐ друго е заблуда, стагнација и вртење во круг“ – додаде Адемов.

Како најголеми предизвици со кои се сочуваат Ромите во неколку наврати беа споменати домувањето и вработувањето, но од општината посочија дека со проекти се работи на решавање на проблемите.

Лаура Стојанова М-Нет

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ