среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивотModerna најави mRNA вакцини за херпес и за рак
spot_img

Moderna најави mRNA вакцини за херпес и за рак

mRNA технологијата која доведе до ефикасни вакцини за COVID-19 ќе се применува во создавање вакцини за три други болести.

Научници од Moderna најавија три mRNA вакцини кои ќе се применуваат против херпес симплекс вирусот, варичела зостер и против рак.

Прва во план е mRNA вакцината против херпес вирусот ХСВ. Постојат два вида херпес вируси, HSV-1 кој влијае на устата и предизвикува афти и HSV-2, почест извор на генитален херпес. Moderna планира вакцина за вториот вид, а се очекува имунитетот против тој вид херпес ќе штити и против HSV-1. Двата херпес вируси се познати како латентни што значи дека инфекцијата е хронична, со тоа што вирусот останува во состојба на мирување кај луѓето во текот на целиот живот,

Се смета дека од HSV-1 се заразени половина од светската популација, додека HSV-2 најчесто се пренесува преку сексуален контакт и со него се заразени околу 10 проценти. Некои истражувачи претпоставуваат дека овој вирус на херпес може да игра улога во невродегенеративни болести како што е Алцјахмерова болест.

Втората вакцина кон која е Moderna насочена е вирусот варичела зостер, додека mRNA вакцината за рак би требало да ги оспособи имунолошките клетки да откријат туморски клетки.

Вакцината за почеток би можело да се тестира на напреден карцином на кожа или вид рак на белите дробови.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ