среда, април 24, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаAвтомобил заврши на кров по судир кај Делчево
spot_img

Aвтомобил заврши на кров по судир кај Делчево

Сообраќајна несреќа помеѓу две возила се случи утрово неколку минути по 09:00 часот на регионалниот патот Делчево – Пехчево, на местото викано Стамерски преод. Во несреќата забележлива е материјална штета кај двете возила, а како што информираат очевидци кои излегле да пружат помош, нема потешко повредени лица.

По извршениот увид од страна на полицијата, како првична причина за несреќата се посочува неприлагодената брзина, иако за точната причина дополнително ќе следи соопштение во полицискиот билтен.

Поради снежните врнежи кои од утрово го зафатија Пијанечкиот регион и лизгавиот коловоз, надлежните апелираат на внимателно возење и задолжителна употреба на зимска опрема во возилата.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ