четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаМакедонско тениско чудо, Кристијан Јанев одигра супер финале на јуниор турнир!
spot_img

Македонско тениско чудо, Кристијан Јанев одигра супер финале на јуниор турнир!

Голем успех на младиот 14 годишен тенисер Кристијан Јанев, на европскиот тениски турнир за 14 годишни деца кој изминатава недела се одржа во ТК Југ во Скопје.

Во конкуренција на над 60 тенисери од цела европа македонскиот јуниор стигна до финалето каде по голема борба беше поразен од Словачкиот тенисер Леон Слобода.

На патот до финалето извојуваше победи против деца од Бугарија, Велика Британија, Грција и Македонија, што претставува голем успех за овој наш јуниор и воопшто за јуниорскиот тенис. Тенисот станува се популарен спорт во земјава, се повеќе деца го играат и тоа дава резултат.

Ние како Тениска Федерација, ќе ги поддржиме сите оние кои имаат талент и потенцијал и кои во најдобро светло ја претставуваат нашата земја, изјави Државниот селектор на Тениската Федерација на Македонија, г. Горан Шевченко.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ