Околу 100 вработени во ЈП Водовод остануваат на улица, затоа што градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска не сака да им ги продолжи договорите кои им истекуваат утре – дознава Курир.
Ваквата одлука на Арсовска, доаѓа откако таа го разреши директорот на ЈП Водовод од ВМРО-ДПМНЕ, Златко Перински затоа што не постапил по нејзиното барање да влијае на тендерот од над сто милиони евра за изградба на пречистителна станица во Скопје.
Станицата е финансирана со европски пари, па вчера Перински доби поддршка од Европската Инвестициска Банка.