сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаЈорданов: Владата и Ковачевски намерно ја кочат одлуката за издавање на општинска...
spot_img

Јорданов: Владата и Ковачевски намерно ја кочат одлуката за издавање на општинска обврзница за реализација на капитални проекти на општина Штип

Почитувани,
Сакам да информирам за настанатиот проблем кој што општина Штип го има со премиерот и Владата на Република Македонија и скратеното право за финансирање на одредени капитални проекти кои што требаше да се финансираат преку издавањето на една наменска обврзница.

Општина Штип е првата општина која што во изминатите неколку месеци во време на енергетска и финансиска криза одлучи да издаде наменска општинска обврзница се со цел да се реализираат неколку капитални проекти во време на ваква финансиска и енергетска криза.

Ги проследивме сите потребни одлуки, ги добивме сите потребни согласности од страна на релевантните институции и Министерство за финансии, го вративме долгот кој што претходно општината го имаше кон Министерството за финансии. И она кое што требаше да биде техничка одлука да се проследи на седница на Влада за нас е проблем, затоа што веќе две последователни седници на Влада точката на која што треба да се донесе одлуката за издавање на обврзницата од страна на Владата се отстранува од дневен ред без објективни причини се со цел да се ускрати можноста и правото за развој на општината и изградба на одредени капитални инвестиции.

Ова е преседан, ова е срам за една држава која се декларира дека се стреми кон европските вредности затоа што сите европски општини издаваат обврзници за развој на истите. Општина Штип по примерот на европските општини одлучи да го направи ова, но дефинитивно имаме политички причини поради кои сме ускратени во правото и во можноста да исфинансираме капитални проекти.

Очекувам да преовлада разумот, го повикувам премиерот да на следна седница на Влада ја стави точката за конечно да се издаде општинската обврзница и со тоа да се реализираат предвидените капитални проекти.

Во спротивно дефинитивно ова ќе значи опструкција и кочење на развојот на општина Штип и казна на граѓаните на општина Штип само затоа што имаат градоначалник и советници кои што се од друга политичка партија, од онаа која што е владината коалиција и премиерот“, изјави Јорданов пред Владата на РМ.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ