четврток, април 18, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаСтрумица и оваа година ве поканува на „АГРО САЕМ 2022“ (ФОТО)
spot_img

Струмица и оваа година ве поканува на „АГРО САЕМ 2022“ (ФОТО)

По втор пат во организација на здружението “Проагро Фармери” Струмица и Општина Струмица на 08.10.2022 год. на градскиот плоштад Гоце Делчев во Струмица ќе се одржи „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2022“, со почеток во 11.00 часот.

Главна цел на саемот е презентирање на здрави и квалитетни производи, нови технологии и механизација за обработка на земјиштето, презентирање на нови видови на семињa, ѓубрива и заштитни средства, избор на највкусен мед  како и презентирање на можностите за руралниот туризам.

На саемот ќе бидат присутни сите чинители од агро секторот во Македонија каде што ќе бидат презентирани најновите достигнувања во агро индустријата.

На саемот се планирани следниве активности:

  • Презентација на најновата механизација во агро секторот
  • Презентација на најновите ѓубрива и заштитни средства
  • Дегустација и продажба на мед
  • Дегустација и продажба на домашно подготвени зимници, сокови , слатка…
  • Презентација, продажба и дегустација на органски производи
  • Презентирање на можностите за рурален туризам
  • Избор на агро лидер во земјоделието
  • Панел дискусија “Иднината на Македонското земјоделие”
  • Стручни предавања

Во рамки на саемот ќе се одржи и натпревар за “Највкусен мед” на кој што учество ќе земат пчелари од цела Македонија.

Агро Саем Струмица ве поканува со вашето присуство да ја збогатите манифестација а воедно да уживате во вкусот и традицијата.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ