Македонија загуби на последниот меч од Лига Ц во Лигата на нации. Бугарија гостуваше во Скопје и го искористи црвениот картон на Тодор Тодороски за да слави минимална победа.
По мечот имаше големо незадоволство кај фановите, кои очекуваа победнички крај на групната фаза. Благоја Милевски порача дека сме одиграле задоволително во овогодишното издание на ЛН и дека сме на „вистинскиот пат“.
Тоа не го мисли легендарниот Горан Пандев. Иконата на македонскиот фудбал се огласи преку социјалните мрежи и порача „тишина“.