петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивот„Пеплоса“ и последната надеж: Животниот стандард ќе продолжи да опаѓа - Најтешката...
spot_img

„Пеплоса“ и последната надеж: Животниот стандард ќе продолжи да опаѓа – Најтешката зима доаѓа, неверојатен скок на цената на лебот и зејтинот!

Растот на цените во малопродажба продолжува да ги загрижува граѓаните кои секојдневно се изненадуваат со новите цени на продуктите. Од ден во ден има поскапување на разни производи, или пак намалување на грамажата на продуктите, а во одредени ситуации и комбинација од двата негативни трендови. 

Фактор објави дека последните податоци на ДЗС покажуваат нов раст на цените и притоа се забележува дека најмногу се зголемиле цените на лебот на месечно ниво. Но, раст на цените изминатиот месец имало кај голем дел од продукитите, а притоа е измерена највисоката стапка на инфлација од 16,8 отсто последниве години. 

Професорот Марјан Петрески за „Фактор“ веќе укажа оти инфлацијата ќе продолжи и во текот на летните месеци, а дека постепено стабилизирање може да се очекува од есента. 

– Во однос на тоа како ситуацијата ќе се развива понатаму, генерално тешко е да се прогнозира во услови на нагласена неизвесност сврзана со геополитичките очекувања. Со информациите што ги имаме сега, очекувам дека бројката за растот на цените и во јули ќе остане релативно висока, вклучително и како резултат на порастот на цената на струјата за домаќинствата, а од август натаму очекувам овие притисоци благо да попуштат, меѓу другото и поради повисоката споредбена основа од лани. На месечно ниво очекувам дека ќе настане одредено намалување/стабилизирање на ценовниот пораст. Да потсетам дека и Народната банка во неколку наврати реагираше со инструментите на монетарната политика, што влијае стабилизирачки во оваа ситуација. Што ќе се случува во текот на зимата на пазарите на енергенти е тешко да се предвиди, но добро е што постои свесност за предизвиците во тој поглед и дека навреме ќе се преземат чекори за ублажување на ситуацијата. Со информациите кои се сега на располагање, позначајно смирување на порастот на цените би требало да се очекува следната година – потенцира Петрески.

Но, Македонија не е единствената земја која се соочува со ценовен притисок. Дека цените растат насекаде, и дека изгледите за смирување се мали укажуваат и аналитичарите и економистите на Меѓународниот монетарен фонд, Хорхе Алварез и Филип Барет, кои во анализа изработена за блогот на ММФ укажаа оти инфлацијата ќе остане покачена подолг преиод. 

– Енергијата и храната помогнаа во зајакнувањето на инфлацијата, при што снабдувањето со нафта и гас е намалено по години на пригушени инвестиции и геополитичка несигурност. Ова беше главниот двигател на инфлацијата во Европа и, во помала мера, во САД. Зголемените цени на храната, исто така, одиграа голема улога во повеќето пазари во развој и економии во развој, бидејќи екстремните временски услови ја намалија жетвата и зголемените цени на нафтата и гасот ги зголемија трошоците за ѓубрива – укажуваат од ММФ.

Потенцираат оти нивните проекции укажуваат на достигнување на 38-годишниот максимум од 5,7 проценти, а зголемувањето на цените во новите пазари и економиите во развој ќе се забрза до 8,7 проценти, најбрз раст од глобалната финансиска криза во 2008 година. Стапките на инфлација би се смириле следната година, кога се очекува да се движат околу 2,5 проценти и 6,5 проценти, соодветно.

– Поважно, зголемените цени ќе имаат најголеми ефекти врз ранливите популации, особено во земјите со низок приход – потенцираат Алварез и Барет и дополнуват дека влошувањето на нерамнотежата меѓу понудата и побарувачката и понатамошното зголемување на цените на суровините може да го одржува темпото на инфлација постојано високо. 

Поради растот на цените изминатиов период поголем дел од централните банки пристапија кон зголемување на каматните стапки, а од вчера Европската централна банка донесе одлука за зголемување на референтната камата. 

Европската централна банка денеска ги зголеми трите клучни каматни стапки за 0,75 процентни поени, што е најголем пораст досега за 19-те земји кои го користат еврото.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ