петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаМакедонија завиена во црно: Расте бројот на загинати Македонци - Кремљ објави...
spot_img

Македонија завиена во црно: Расте бројот на загинати Македонци – Кремљ објави колку вонјици од кај нас го загубиле животот во Украина!

Руското министерство за одбрана ја објави најновата листа на странски борци или платеници како што тие ги нарекуваат кои се борат или се загинати во војната во Украина.

Во графата за Македонија стои дека вкупно од 24 февруари до сега во Украина на страната на владата на Зеленски се бореле 79 македонски државјани.

Од нив според руското министерство за одбрана елиминирани или убиени се 26 македонски борци или странски платеници како што ги нарекува Москва, што значи во споредба со минатиот месец животот го загубиле уште двајца.

Во Македонија се вратени 21 лице или двајца повеќе за разлика од јули, а активни на фронтот во моментов се 32 лица.

За споредба само од Косово во Украина досега се бореле 156 лица од кои 72 или речиси една половина се убиени.

Во случајот со Македонија убиени се една третина од заминатите во Украина.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ