сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаМузикаПанчо од ДНК со емотивен статус на Фејсбук: До мојот син -...
spot_img

Панчо од ДНК со емотивен статус на Фејсбук: До мојот син – Кога те прегрнав пред 6 години, плачев од радост, но додека ги читаш овие редови, јас сум веќе во гробот!

Панчо од ДНК напиша емотивен статус на својот профил на Фејсбук, споделувајќи го со своите фанови и следбеници.

Тој преку оваа емотивна сторија ги потсети младите да ги сакаат и почитуваат своите родители:

„После едно подолго патување таткото го сочекал својот син на аеродромот и кога синот излегол таткото силно го прегрнал, му кажал дека многу му фалел и почнал да плаче. Синот му се развикал и му рекол да не го срами пред другарите и да не го гушка веќе.

После некоја година синот повторно заминувал за странство и таткото го однел на аеродром за да го испрати но овој пат не го прегрнал, туку му го свртел грбот и плачејќи му рекол:

„Чувај се сине мој“.

Меѓутоа, кога синот се вратил дома, таткото не го чекал на аеродром.

Кога стигнал дома, видел само писмо на масата. Брзо го грабнал писмото за да го прочита, но потоа следел неговиот најлош момент во животот.

“До мојот син, Кога те прегрнав пред 6 години, плачев од радост, но додека ги читаш овие редови, јас сум веќе во гробот. Плачев и на твоето второ патување. Го свртев грбот затоа што не сакав да те засрамам, но сепак знаев дека тоа е последен пат кога се гледаме бидејќи бев болен но несакав да знаеш за да не ти создавам грижа. Те сакам многу и секогаш ќе бидам покрај тебе.

Со љубов, Татко ти“, се вели во писмото.

Синот не можел да здивне, седнал на подот и солзите само течеле.

Во тој момент се покајал за секој груб збор што го кажал на татка си, иако не мислеше дека тоа ќе го повреди толку многу.

Испитај го твојот однос со родителите додека сеуште имате време“, напиша на Фејсбук, Панчо од ДНК.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ