четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЗдравјеСветот пред нов предизвик: Опасни сипаници или мајмунски обид за страв!?
spot_img

Светот пред нов предизвик: Опасни сипаници или мајмунски обид за страв!?

Здравствените експерти велат дека нема причина за страв од мајмунските сипаници. Болеста не е толку опасна и не се шири толку лесно како коронавирусот, па тешко дека може да дојде до пандемија каква што имавме со ковид-19. Едвај куртуливме од ковид-19, на сцена дојдоа мајмунските сипаници.

Светските медиуми се полни со вести за појава на мајмунски сипаници надвор од земјите од западна и централна Африка, каде што заразата обично се појавува. Главните жаришта, надвор од Африка, во моментов се Шпанија и Португалија, а вирусот е потврден и во уште десетина земји од Европа, како и во САД и во Израел.

Здравствените власти се подготвуваат за евентуална појава на оваа болест во Македонија, некои земји препорачуваат заштитни мерки слични како оние против коронавирусот. Здравствените власти најавија дека ќе набавуваат тестови и терапија против оваа болест.

Домашните експерти велат дека нема причина за страв. Болеста ни е толку опасна, ни се шири толку брзо и лесно како коронавирусот.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ