вторник, април 16, 2024
spot_img
ПочетнаБалканВо Хрватска островите се продаваат како „алва“!
spot_img

Во Хрватска островите се продаваат како „алва“!

Хрватска има 1.244 острови, од кои само 66 се населени. Околу 80% од малите острови се во сопственост на државата, а некои приватни острови можат да се најдат во огласите за продажба.

Еден од нив се наоѓа во Сплитско-неретванската жупанија, се вика Мали Космач и има површина од 5.000 квадратни метри. Неговата цена моментално изнесува 700.000 евра, но би можела да порасне и до еден милион.

Островот неуспешно се продава од 2016. Заинтересирани купувачи имало, но се откажувале зашто таму не е дозволно да се гради.

Окружен со остри карпи, на островот тешко се пристанува, а неговата внатрешност ја исполнуаат ниски растенија. Бидејќи градењето не е дозволено, локалните власти велат дека островот е погоден само за земјоделство.

„Доколку Хрватска сака да заработува од вакви острови, ќе мора да се угледа на Грција и да дозволи градење, барем во контролирани услови. Но, за тоа е потребно да се менуваат закони и просторни планови“, вели Јасминка Билишков, сопственичка на агенција за недвижности.

Исто така, не се продава островот, туку земјиштето на него. Неговиот брег е поморско добро со кое управува државата и никој не може да биде негов сопственик.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ