четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЗапознајте го "Squad" - евтин мал градски автомобил на соларен погон
spot_img

Запознајте го “Squad” – евтин мал градски автомобил на соларен погон

Електричните градски автомобили се се попопуларни во Европа, а овој зад кој стои компанијата “Squad Mobility” може да се пофали дека добива струја директно од Сонцето.

Соодветно наречено Squad (Solar Quad), возилото е дело на поранешни работници во компанијата “Lightyear”, Роберт Ховерс и Крис Клок, кои осмислиле достапно возило на соларен погон за секого. Резултатот е “EV” со две седишта, кој го пополнува јазот меѓу автомобилите и возилата со две тркала, како што скутери и мопеди.

Го одликува релативно едноставен дизајн, кој вклучува голем стаклени површини и тркала поставени на самите агли на каросеријата. Тука се и вратите кои може целосно да се отстранат, а најинтересна работа е соларниот панел на кровот.

“Squad Mobility” тврди дека во текот на сончевите денови панелот може да обезбеди до 20 километри возење. Тоа е сосема солидна автономија во возењето, бидејќи компанијата наведува дека просечен корисник на мали градски автомобили во ЕУ патува само околу 12 километри дневно.

Бидејќи не можете да сметате на сончево време во секој момент, “Squad” има заменливи батерии кои им овозможуваат на сопствениците да ги менуваат.

Батеријата исто така може да се извади за полнење на обични домашни штекери, а кога е полна може да издржи 100 километри.

Со оглед на тоа дека градскиот автомобил е дизајниран да им биде достапен на купувачите, не е изненадување дека ентериерот е “спартански” уреден. Сепак, “Squad” има дигитална инструмент табла, а може да се нарача и со клима уред. Возилото нуди и држач за телефон, така што сопствениците можат да го користат својот смартфон за навигација и мултимедиски содржини.

Што се однесува до техничките детали, возилото има два електромотори поставени позади кои произведуваат комбинирана сила од 5 коњски сили. Тоа не е многу, но е доволно за максимална брзина од 45 км/ч.

“Squad” би требало да биде лансиран следната година со основна цена од 6.250 евра. Компанијата во моментов прима нарачки, а во план е помоќна варијанта со четири седишта и брзина од 70 км/ч.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ