петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаПанчо од ДНК брутално искрен: Да се биде човек не е тешко,...
spot_img

Панчо од ДНК брутално искрен: Да се биде човек не е тешко, само треба да се сака

Панчо од познатото дуо на ДНК веќе подолго време ја негува хуманоста. Раперот е познат како човек без влакно на јазик, па често знае да ги каже јавно своите ставови на Фејсбук профилот.

Овојпат, Панчо се сети на зборовите од својата мајка, па се обрати кон своите следбеници со порака хуманоста и што значи да се биде човек денес.

„Сите промени во светот кои сакаме да ги видиме и постигнеме треба да започнат од нас самите. Ова е само уште поголем мотив и одговорност за мене да продолжам несебично да помагам и давам таму каде што е најпотребно, исто како што даваше мојата мајка која е најзаслужна за хуманиот момент кој ми го пренела сосема природно.

На моите прашања за тоа зошто дава кога и она/ние самата нема одговорот секогаш беше ист: Буби мој они немаат воопшто, и они се луѓе, а ние ќе се снајдеме ќе протуркаме.

Хуманоста е дел од секоја индивидуа само треба да ја истакнеме без да се плашиме и споделиме со сите оние на кои им е потребна. Да се биде човек не е тешко, само треба да се сака“, напиша Панчо.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ