четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЗдравјеШто се случува со телото ако целосно ги исфрлите мастите од исхраната?
spot_img

Што се случува со телото ако целосно ги исфрлите мастите од исхраната?

Мастите играат клучна улога во многу телесни функции.

Доколку не ги консумирате, ќе доживеете многу негативни последици по вашето здравје, како на пример недостиг на витамини растворливи во масти.

Недостаток на витамин А – Витаминот А игра важна улога за здравјето, а неговиот недостаток може да доведе до ксерофталмија (суви очи), ноќно слепило и заматен вид.

Недостаток на витамин Д – Витаминот Д е важен за здравјето на коските бидејќи без него телото не може да го апсорбира калциумот кој е клучен за здравјето на коските и забите. Ова може да предизвика намалена густина на коските, што ве прави повеќе склони кон фрактури, а во тешки случаи може да прерасне во остеопороза.

Недостаток на витамин Е – Витаминот Е е важен поради неговите антиоксиданси. Една од клучните хранливи материи во борбата против слободните радикали. Покрај слабеењето на имунолошкиот систем, витаминот Е може да предизвика оштетување на мускулите и/или нервите.

Недостаток на витамин К – Витаминот К е неопходен за крвта, а неговиот недостаток може да предизвика значително крварење и модринки.

Експертите велат дека маснотиите во исхраната треба да бидат околу 20 до 35 отсто од вкупните калории. Значи, ако внесувате 2000 калории дневно, од 400 до 700 калории треба да се од мастите. Се разбира, треба да изберете мононезаситени и полинезаситени масти, а не транс-масни киселини.

Извори на мононезаситени масти

  • маслиново масло
  • бадеми
  • пекан ореви
  • семки од тиква

Извори на полинезаситени масти:

  • ореви
  • ленено семе
  • лосос
  • скуша

Извори на омега-3 масни киселини:

  • инчуни
  • халибут
  • лосос
  • сардини
  • авокадо
  • јајца.
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ