петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаКовид19Маските во затворено, по две години, ќе се симнат
spot_img

Маските во затворено, по две години, ќе се симнат

Пандемијата не е завршана, но граѓаните можат да ги симнат маските, препорача Комисијата за заразни болести. По точно две години задолжителното носење маски во затворен простор, стигна препораката оваа мерка да се укине.

Здравствените експерти сметаат дека епидемиолошката состојба дозовлува олабавување на досега најдолгата рестрективан мерка воведена поради пандемијата со коронавирусот.

„ОД ОВАА МЕРКА ИСКЛУЧОК СЕ ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ, ДОМОВИТЕ КОИ ЗГРИЖУВААТ ПОСТАРИ ЛИЦА, АПТЕКИТЕ И ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ. ЗА ОВИЕ ЧЕТИРИ ЗАТВОРЕНИ ОБЈЕКТИ ОСТАНУВА ЗАДОЛЖИТЕЛНОТО НОСЕЊЕ НА МАСКИ. ВО СИТЕ ОСТАНАТИ ЗАТВОРЕНИ ПРОСТОРИ МАСКИТЕ МОЖЕ ДА Е НОСАТ САМО ПО ЖЕЛБА НА ИНДИВИДУИТЕ“, РЕЧЕ Д-Р. АЛЕКСАНДАР ПЕТЛИЧКОВСКИ.

Сепак и покрај ваквата одлука експертите им препорачуваат на повозрасните граѓани и на лицата со имунокпромитирачки болести да продолжат да носат маска во затворен простор.

По две години се препорачува и укинување на епидемиолошкото следење  и изолација на контактите на лицата кои се отврдени со ковид-19.

„СЕ УКИНУВА ЕПИДЕМИОЛОШКОТО СЛЕДЕЊЕ НА КОНТАКТИТЕ И ПОСЛЕДОВАТЕЛНАТА ПРЕПОРАКА ЗА ИЗОЛАЦИЈА НА КОНТАКТИТЕ“, ИЗЈАВИ ПЕТЛИЧКОВСКИ.

Попрецизно, се препорачува во изолација да одат само потврдените случаи на коронавирус, без следење на нивните контакти.

Претстојните празнични денови, кога вообичаено има зголем влез и излез од државава пак можат да бидат ризик за зголемување на бројот на новозаболени, поради што засега останува мерката за приложување на сертификат за вакцинациија или прележан коронавирус, за влез во државава. За здравствените експерти укинувањето на оваа мерка е крупен чекор кој би можел брзо да ја дестабилизира епидемиолошката состојба, но која сериозно се разгледува како опција за во блиска иднина. Заедно со неа ќе почека и мерката за генерално укинување на сертификатите, што ќе зависи исто така од епидемиолошката состојба во земјата.

Овие препораки доаѓаат во период кога се уште не се усвоени и не стапиле на сила и претходните препораки за олабавување на мерките како укинување на носењето маски за учениците во средните училишта и организирање на ученичките екскурзии, додека најголемиот број од факултетите се уште се на он-лајн настава.

За Комисијата за заразни болести пак новата варијанта на омикрон сојот на коронавирусот, која е регистрирана дека се шири во соседните држави, не е причина за загриженост. Според неа неговите сиптоми и пренос не е ништо поразличен од основната верзија на омикронот, но истовреено не ја потиснува основната варијанта на омикронот, односно не може да стане доминантен.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ