петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаСветНекои од жртвите имале само 14 години: Масовна гробница со скоро 300...
spot_img

Некои од жртвите имале само 14 години: Масовна гробница со скоро 300 тела е најдена во Буча

Украинската војска вчера ја врати контролата во Буча, а градоначалникот Анатолиј Федорук изјави дека таму е откриена масовна гробница, каде се закопани 280 луѓе.


Вели дека некои од убиените имале само 14 години.

„Сите тие луѓе се убиени, застрелани во задниот дел од главата“, истакна Федорук.
Додава дека голем број од жртвите имале бела лента, што е знак дека се невооружени. Вчера на социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледаа безживотни тела на улиците на Буча. Најмалку 20 мртви мажи во цивилна облека се пронајдени на една улица.
И во градот Мариупол имаше масовни гробници.
Во Украина и натаму гинат цивили. Русија на 24 февруари ја нападна Украина.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ