петок, јануари 27, 2023
Google search engine
ПочетнаМагазинПрвпат досега, од ветер и сонце се произведени 10 отсто од светската...
spot_img

Првпат досега, од ветер и сонце се произведени 10 отсто од светската електрична енергија

Во 2021 година, користејќи ветер и сончева енергија, светот за првпат произведе 10 отсто од електричната енергија на глобално ниво, покажа една најнова анализа.

Педесет земји ширум светот добиваат повеќе од една десетина од енергијата од ветерот и сонцето, покажа истражувањето на Ember, британскиот истражувачки центар за климатски промени и енергија, пишува BBC.

Со закрепнувањето на светските економии од пандемијата на COVID-19 во 2021 година, побарувачката за енергија се зголеми. Побарувачката за електрична енергија порасна со рекордна стапка, што доведе до зголемување на потребата за енергија од јаглен, која расте со најбрза брзина од 1985 година.

Во текот на 2021 година, 38 проценти од електричната енергија во светот се произведуваше од ветер и сончева енергија и други чисти извори. За првпат, турбините на ветер и соларните панели произведоа 10 проценти од вкупната енергија, а уделот на ветерот и сончевата енергија во производството на енергија е двојно зголемен од 2015 година, кога беше потпишан Парискиот климатски договор.

Најбрза транзицијата во Холандија, Австралија и Виетнам

Најбрзата транзиција кон енергија од ветер и сонце е постигната во Холандија, Австралија и Виетнам. Сите три земји во последните две години префрлија една десетина од нивната побарувачка на електрична енергија од фосилни горива на зелени извори.

„Холандија е одличен пример за земја на северната хемисфера која докажа дека не е само колку инсолација има за една година, туку е многу важна и ефикасна енергетска политика што ќе направи голема разлика кога станува збор за користење на соларна енергија“, рече портпаролката на Ember, Хана Бродбент.

Виетнам, исто така, забележа спектакуларен раст. За само една година користењето на сончевата енергија е зголемено за повеќе од 300 проценти.

„Во случајот на Виетнам, направен е огромен чекор напред во соларното производство благодарение на средствата платени на поединци и компании од страна на владата за производство на електрична енергија. Ова ги охрабри домаќинствата и комуналните претпријатија да користат повеќе соларна енергија“, рече Дејв Џонс, извршен директор на Ember, додавајќи дека таквата политика резултирала со намалување на производството на јаглен и гас.

И покрај фактот што земјите како Данска денес добиваат повеќе од 50 отсто од својата електрична енергија од ветер и сончева енергија, енергијата на јаглен исто така доживеа значителен пораст во 2021 година.

Огромното мнозинство од зголемената побарувачка за електрична енергија во 2021 година беше исполнето со фосилни горива, при што електричната енергија од јаглен се зголеми за 9 проценти, што е најбрзо растечка стапка од 1985 година.

Најголем дел од зголемувањето на употребата на енергија од јаглен е забележано во азиските земји, особено Кина и Индија. Но, зголемувањето на потрошувачката на јаглен не беше во согласност со употребата на гас, која на глобално ниво се зголеми за само 1 процент, што покажува дека зголемувањето на цените на гасот го направи јагленот поодржлив извор на електрична енергија.

„Минатата година бевме сведоци на навистина исклучително висока цена на гасот, а јагленот стана поевтин од него“, рече Дејв Џонс. „Во моментов цените на бензинот низ Европа и поголемиот дел од Азија се 10 пати поскапи од истиот период минатата година, а јагленот е трипати поскап.“

Целта на големите економии е да се префрлат на 100 отсто електрична енергија во следните 15 години

Зголемувањето на цените на гасот и јагленот Џонс смета дека е „двојна причина електроенергетските системи да се вклучат во поголемо производство на чиста електрична енергија, имајќи предвид дека светската економија фундаментално се променила“.

Научниците велат дека и покрај обновениот пораст на употребата на енергија од јаглен во 2021 година, целта на големите економии, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Германија и Канада, е да ги префрлат своите мрежи на 100 отсто електрична енергија во следните 15 години.

Зад оваа промена стои глобалната загриженост кога станува збор за одржување на глобалните температури под 1,5 Целзиусови степени во овој век. За да се постигне оваа цел, научниците велат дека ветерот и сончевата енергија треба да растат за околу 20 проценти годишно до 2030 година, а авторите на најновата анализа сметаат дека тоа во моментов е апсолутно возможно.

Ветерната и сончевата енергија нудат решение за повеќекратните кризи со кои се соочува светот, без разлика дали се работи за климатска криза или зависност од фосилни горива. Хана Бродбент истакнува дека ова би можело да биде вистинска пресвртница.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ