петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsЈораднов: Депонијата во Штип ќе се затвори во летните месеци!
spot_img

Јораднов: Депонијата во Штип ќе се затвори во летните месеци!

Градската депонија во Општина Штип повторно со ѓубре на сите страни. Постојано се чисти, но како што истакна првиот човек на Општина Штип, Иван Јорданов пред камерите на М-Нет телевизија за овој проблем треба да се бара долгорочно решение. Тоа значи затворање на депонијата, а ѓубрето да се носи на регионалната депонија која треба да се изгради во село Мечкуевци, светиниколско.

„Овој проблем бара долгорочно решение, а тоа е затворање на истата оваа депонија која е од отворен карактер, со ставањето во функција на регионалната депонија во село Мечкуевци. Имено, во летните месеци се очекува комплетно затворање на оваа депонија со тоа што ѓубрето кое се собира и сметот на територија на Општина Штип ќе биде носен во регионалната депонија во Свети Николе. Тоа што во минатото се случувало и денес не е решавање на проблемот затоа што ние колку и да ја чистиме оваа депонија секогаш ќе има ѓубре, палење на ѓубрето и слично. Решавање на овој проблем е единствено затрупување на оваа депонија и отворање на Ргеионалната депонија“ – кажа Јорданов.

Според Јорданов во минатото се работело на чистење на депонијата, но долгорочно решавање на овој проблем нема на виделина. Токму и затоа депонијата повторно и повторно се враќа во првобитна состојба, со отпадоци, ѓубре, градежен шут и плаење како денеска.

Инаку, оваа депонија пред неколку месеци беше исчистена, но секојдневно граѓани го носат своето ѓубре таму, истовремено истото го палат. За ова да не биде пракса повеќе, градоначалникот на Општина Штип истакна дека депонијата ќе се затвори.

Истовремено, се чистат и мини дивите депонии на територија на Општина Штип кој се создаваат секојдневно. Директорот на ЈП Исар, Трајче Здрваков во неколку наврати апелираше граѓаните да пријавуваат мини депонии на достапните телефонски броеви на претпријатието со цел тие да излегнат на терен и да реагираат.

Лаура Стојанова М-Нет

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ