петок, јануари 27, 2023
Google search engine
ПочетнаМагазинОвој "Lexus" е распродаден четири години однапред
spot_img

Овој “Lexus” е распродаден четири години однапред

Уште еден модел од понудата на “Toyota” со листата на чекање се доближил до најегзотичните суперспортски автомобили.

Откако дознавме дека Јапонците на својот “Land Cruiser” ќе мора да чекаат и повеќе од четири години, истото се случило и со луксузниот близнак. “Lexus” потврди дека листата на чекање за новиот “LX 600” само што ја минала границата од четири години.

Преведено, јапонски купувач кој ќе плати за големиот теренец на “Lexus”, ќе го вози најрано во 2026-та година.

„Поради недостигот на некои делови предизвикан од ширењето на коронавирусот во југоисточна Азија се случува доцнење на производството на многу модели“, објавиле од компанијата и ветиле дека ќе ги преземат сите мерки за да ги скратат роковите на испорака. „Ако нарачате модел сега, на него ќе чекате 4 години“, велат од Лексус.

Од друга страна, во Америка нема чекање. Премиерата на моделот е закажана за првиот квартал од оваа година, а познато е и дека ќе стартува со цена од 88.245 долари. Сите модели имаат 3.5 V6 мотор и 415 коњски сили и 650 Nm, и тоа во комбинација со десет-степенски автоматски менувач и 4WD погон. Првите примероци веќе пристигнуваат во салоните, потврдиле од “Lexus”.

Меѓутоа, тука не престануваат лошите вести за Јапонците. Помалиот модел “NX” кој неодамна пристигнал на хрватскиот пазар исто така има продолжен рок на испорака. Моментално надминал една година.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ