петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинРАКЕТКО направи ракета што стига до Америка
spot_img

РАКЕТКО направи ракета што стига до Америка

Северна Кореја потврди дека тестирала „балистичката ракета со среден дострел Хвасонг-12“, објави државната новинска агенција КЦНА. Ова е првпат од 2017 година да биде лансиран проектил со таа големина. Лансирањето првпат беше пријавено од јужнокорејските и јапонските власти.

Аналитичарите и официјалните лица велат дека тестот се чини дека вклучува балистичка ракета со среден дострел (IRBM), која Северна Кореја ја нема тестирано од 2017 година кога го прекина тестирањето на своите најголеми ракети и нуклеарно оружје.

Според проценките на јужнокорејската и јапонската армија, проектилот прелетал околу 800 километри и достигнал максимална височина од 2.000 километри пред да слета во морето меѓу Корејскиот полуостров и Јапонија.

Севернокорејската државна новинска агенција КЦНА денеска објави дека оваа ракета има капацитет да стигне до американската територија Гуам во западниот дел на Пацификот, пренесува британскиот весник „Гардијан“.

КЦНА објави дека лансирањето на ракетата било извршено за да се осигури безбедноста на соседните земји и дека пробната боева глава била опремена со камера која фотографирала за време на летот.

По последниот тест, Соединетите Држави изразија загриженост, велејќи дека се почестите ракетни тестови на Пјонгјанг би можеле да бидат увертира за продолжување на тестирањето на нуклеарното оружје.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ