сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаМагазин7 причини зошто навечер се чувствувате надуено и „ветровито“
spot_img

7 причини зошто навечер се чувствувате надуено и „ветровито“

Доколку имате проблем со зголемени гасови во доцните часови, тоа можете да го намалите или да го решите со мали промени во исхраната и однесувањето во текот на денот. И можеби страдате од нетолеранција на храна или имате дигестивно нарушување што може да предизвика акумулација на гасови. На пример, нетолеранција на глутен или синдром на нервозно дебело црево.

Еве неколку причини зошто тоа ви се случува и неколку идеи како да го спречите тоа:1. Дали навечер јадете обилни оброци?

Гасовите се произведуваат од изедената храна, а заедно со стрес факторите тој ден ферментацијата во гастроинтестиналниот тракт може да се интензивира. Ако вашиот најголем оброк е вечерата, ќе се создадат повеќе гасови во текот на ноќта бидејќи се потребни повеќе часови за храната да се распадне. Ова е уште полошо ако јадете после 19 или 20 часот, а потоа си легнете пред 23 часот.

2. Бактерии во цревата

„Голем дел од гасовите доаѓаат од разградувањето на храната во цревата од страна на бактерии и ферментација, што е нормален секојдневен процес“, вели Либи Милс, регистриран диететичар и портпарол на Академијата за исхрана и диететика.

На вашето тело треба да му дадете временски период од 4 до 6 часа за да го заврши варењето на секој оброк што го јадете. Кога одите на спиење, вашиот метаболизам автоматски се забавува, но ако варењето не е целосно, ќе произведе повеќе гасови.

За да ја ублажите оваа ситуација, можеби ќе треба да консумирате дополнителни дигестивни ензими и пробиотици пред или со оброците. Амино киселините исто така можат да помогнат, пишува Healthguide.

3. Одржување на автономниот нервен систем

За време на нормалната дневна активност, вашето тело ги држи затворени мускулите на аналниот сфинктер бидејќи сте поактивни.

„Навечер, после работа или училиште, вие сте поопуштени и сфинктерниот мускул се опушта, па тој е подготвен да испушта гасови насобрани во текот на денот“, вели гастроентерологот Кристин Ли. Можеби ова е причината поради која почесто испуштате гасови во текот на вечерта и ноќта.

4. Проучете ја храната што ја јадете

Многу видови храна и пијалаци може да предизвикаат зголемување на производството на гасови во дигестивниот систем. Храната богата со влакна како гравот, мешунките, некои овошја, кромидот и пржената храна е поферментациона.

Газираните пијалаци и храната што содржи лактоза, како што се млечните производи, имаат тенденција да ги зголемат гасовите кај некои луѓе. Внимавајте која храна најмногу ви влијае и намалете ја или избегнувајте ја, особено доцна навечер.

5. Повеќе шеќери → повеќе гасови

Храната богата со одредени шеќери, како што се ксилитол, сорбитол и вештачките шеќери, произведува повеќе гасови во телото.

6. Променете го времето за јадење

Треба да бидете доследни во времето кога ги јадете оброците, да имате распоред до кој треба да се придржувате најдобро што можете. Подоцна во текот на денот, јадете храна со малку влакна за да спречите ферментација на гасови. Пребрзото јадење или пиење може да доведе до навлегување повеќе воздух во дигестивниот тракт, што поттикнува поголем развој на гасови.

7. Вежбајте и пијте доволно вода

Вежбањето и хидратацијата помагаат во одржувањето на подвижноста на цревата. Ова го запира запекот и зголеменото производство на гасот метан во цревата.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ