среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивот6-годишната Александра се разбудила од кома на 22 години
spot_img

6-годишната Александра се разбудила од кома на 22 години

На 11 мај, пред 17 години 6-годишната Александра Јанчарска, ќерка на позната полска актерка, проголтала пилула вода и се задавила. Поради хипоксија, девојчето паѓа во кома, во која е до август минатата година.

Денес, 22-годишната девојка сега може да изрази лутина или радост, како и да согледа што се случува околу неа, објави medportal.ru.

Ова е можно благодарение на заедничката работа на полските и јапонските медицински лица.

Тие развиваат процедура со која се вградуваат електроди во цервикалниот ‘рбет. Овие електроди примаат сигнали од главниот дел од уредот, сместен на телото на пациентот и снабдуваат струја која го стимулира мозокот со подобрување на циркулацијата на крвта, пишува Блиц.

Стимулаторот е поставен на уште 6 пациенти во 2016 година, а еден од нив веќе се разбудил во мај.

Д-р Моника Барчевска од клиниката за неврохирургија во Универзитетската болница во Олстин изјави дека може да се зборува дека девојчето излегло од кома. Пациентката ќе има потреба од рехабилитација – повторно ќе научи да оди и да зборува, но самиот факт што се случи дава надеж за многу пациенти.

Стимулаторот до крајот на годинава ќе го добијат уште 8 пациенти.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ