петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонија101 возачи казнети за непропуштање пешаци на пешачки премин
spot_img

101 возачи казнети за непропуштање пешаци на пешачки премин

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.02.2022) спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. При контролата санкционирани се 101 возач, од кои 32 на територија на СВР Скопје, 14 на територија на СВР Битола… При акциската контрола санкционирани се и 136 други видови на сообраќајни прекршоци.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ