понеделник, април 15, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивот10 причини зошто треба да внесуваме колаген
spot_img

10 причини зошто треба да внесуваме колаген

Различните форми на колаген играат различни улоги, но тоа не значи дека едната е подобра од другата. Важно е да изберете производ кој ќе влијае на одредено ткиво, па ако сакате убава и здрава кожа, изберете колаген тип 1 и 3. За здрави зглобови и варење, тука е колагенот тип 2.

1. Како што старееме, така го губиме колагенот?Нашето тело произведува колаген, но штом навршиме 20 години, производството се забавува, а по 50-тите години од животот имаме 50 отсто помалку колаген од количината што сме ја имале кога сме имале 20 години. Ова е една од причините зошто нашата кожа повеќе не изгледа младешки, зошто нѐ болат зглобовите, а косата ни станува потенка. Постојат и голем број други фактори кои го забрзуваат процесот на намалување на создавањето на колагенот како што се: исхрана богата со шеќер, стрес и изложувањето на сонце. Затоа треба да го внесуваме преку квалитетни колагенски производи, и преку храна која содржи колаген.Треба да знаеме дека и кога сме настинати или болни или под голем физички и емоционален стрес, нашето тело не произведува доволно амино киселини кои го сочинуваат колагенот. Тогаш на телото му е потребна дополнителна помош од надворешни извори, главно од суплементи.

2. Како колагенот помага во губењето на килограмите?

Суплементите кои содржат колаген можат да играат важна улога во одржувањето на телесната тежина, па дури и во губењето на килограмите. Колагенот во прав ќе го намали апетитот за дури 40 отсто повеќе од протеинскиот прав. Исто така, ќе ја угаси желбата за слатка храна.

3. Како колагенот го чува здравјето на цревата?

Колагенот е важен и за правилното функционирање на дигестивниот систем. Покрај тоа, пептидите во колагенот ја задржуваат водата во цревата и на тој начин ги привлекуваат молекулите на киселината, поради што храната полесно се разградува и се движи низ дигестивниот систем. Редовната употреба ги намалува киселините, чировите и ги спречува другите дигестивни проблеми.

4. Како колагенот дејствува на изгледот на кожата?

Колагенот ќе ја направи нашата кожа мазна и таа ќе изгледа младешки. Суплементите коишто содржат колаген ја зајакнуваат кожата и на тој начин го спречуваат и создавањето на брчки, целулит и стрии. Секојдневната употреба на колаген ќе ја хидрира кожата и ќе ја зголеми еластичноста и ќе ја намали штетата предизвикана од изложувањето на сонце. Дека добрите колагенски производи прават чуда потврдуваат бројните тестирања кои што се спроведуваат. Но, за да се почувствуваат реални ефекти, потребно е негово користење подолг период. Позитивни ефекти не се случуваат преку ноќ. Како што и не можете преку ноќ да ослабнеме или за неколку дена да имаме кондиција како олимпиец. Како и за многу други работи така и за колагенот потребно е подолго време на употреба и придружни здрави животни навики.

5. Како колагенот помага на здравјето на зглобовите?

Кога бараме колаген важно е да знаеме за што сакаме тој да ни помогне. Колагенот тип 1 и 3 се за нега на кожата, а колагенот тип 2 се користи за обновување на ‘рскавицата која се наоѓа околу зглобовите. Со консумирањето колаген, можеме да ги зајакнеме коските, па дури и да го превенираме кршениците. Ако се зема по орален пат, ќе помогне во градењето на коските и ќе ги замени истрошените клетки со нови. Така може да ја намали болката во зглобовите и да ја подобри флексибилноста. Покрај тоа, може да ги зајакне забите, косата и ноктите и да ги направи помалку кршливи.

6. Како им помага на спортистите?

Бидејќи ги зајакнува зглобовите и лигаментите, може да помогне да се спречат повредите и да се намали болката во зглобовите. Консумирањето колаген може да му помогне на организмот да ги поправи и замени протеините кои се оштетени поради тешка физичка активност, како што може и да го забрза закрепнувањето по пукнување на мускулот. За обнова на зглобната ‘рскавица се препорачува колаген тип 2, кој придонесува за обнова на структурата и силата на зглобовите.

7. Колку колаген ни треба?

Едно истражување се осврнало на ова прашање, во извештајот објавен во 2019 година во списанието „Хранливи материи“, во кое се наведува дека дополнителни 2,5 -15 г колаген пептид може да се вклучат во исхраната секој ден за да се одржи рамнотежа во организмот.

8. Како да знаеме дека го земаме доволно?

Ако забележите некои од овие промени, можеби на вашиот организам ќе му треба мала помош за производство на колагенот: – Намалена флексибилност на кожата и брчки

– Тенка кожа

– Опуштени подочници

– Кршливи нокти и коса

– Болки во зглобовите и мускулите

– Целулит

– Кршливи коски

– Синдром на пропустливост на цревата

9. Како можеме да го зголемиме внесот на колаген?

Супата подготвена со коски е одличен начин за внесување на колаген во организмот. Таквата супа којашто се готви долго, а во водата се додава јаболков оцет е течност полна со колаген. Имајте на ум дека таквата супа се готви на тивок оган 8-12 часа. Лососот е преполн со минерали одговорни за производство на колагенот, како што е цинкот. И секако најдобро и најдиректно преку колагенски производи колаген Peptan® матрикс говедски мулти-колагенски комплекс кој со своите наномолекули, брзо и лесно продира до целните ткива: кожата, коските, забите, тетивите, лигаментите, ‘рскавицата, поттикнувајќи го природното производство на колаген во нашиот организам. Mоже да се нарача преку следниов линк https://arboreal.mk/kolagen/.

10. Дали еден тип на колаген е подобар од другиот?

Различните форми на колаген играат различни улоги, но тоа не значи дека едната е подобра од другата. Важно е да изберете производ кој ќе влијае на одредено ткиво, па ако сакате убава и здрава кожа, изберете колаген тип 1 и 3. За здрави зглобови и варење, тука е колагенот тип 2.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ