петок, април 12, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонија„10 лопати за 9 години“ - Aкција пред новата штипска Клиничка болница
spot_img

„10 лопати за 9 години“ – Aкција пред новата штипска Клиничка болница

Во текот на денешниот ден од  група активисти беше спроведена активистичката акција „10 лопати за 9 години“, посветена на изградбата на новиот  Клинички центар во Штип.

Во соопштение од граѓанските активисти се вели дека акцијата има за цел потсетување на надлежните за овој отворен проблем, кој на преку 500.000 граѓани од источниот и југоисточниот регион им го ускратува правото на квалитетна здравствена заштита.

На лопатите во вид на златни плакети се поставени следните пораки кои се директно поврзани со изградбата на болницата: „Техничка документација за нова Клиничка болница –Штип од 2013 до 2015 година“, „На 6 август 2015 година објавен тендерот за изградба на Клиничка болница-Штип“, „Министерството за здравство на 7 август 2015 година во Скопје го презентира проектот за нова Клиничка болница-Штип“, „3 март 2016 лопати за старт на новата Клиничка болница-Штип“.

Активистите потсетуваат и на ветувањето дека новата болница ќе биде готова за две години.

„Болницата ја гради како главен изведувач„ Интракат“ од Грција, а под изведувач ГП „Бетон“-Штип“, „6 декември 2018 година пролонгирана изградбата на болницата за две години“, „По две години на 11 август 2020 судски спор меѓу Интракат и ГП „Бетон“ ја стопира изградбата на болница“, „17 ноември 2021 Христијан Мицкоски во Топ Тема на Телма обелоденува за повлекување на Банката на Советот на Европа која беше финансиер на изградбата на Клиничка болница Штип“, „ 18 ноември 2021 Министерството за здравство го потврдува повлекувањето на финансиерот за изградба на болницата“, „6 декември 2021 нов скандал објавени поранешни градоначалници, административци, политичари добивале дебели хонорари за изградба на новата болница во Штип“ и „4 март 2022 по шест години болницата изградена само 30 отсто“, се вели во соопштението од граѓанските активисти.

Порачаа до кога ќе се редиме лопати и ќе чекаме, останува да видиме.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ