вторник, април 23, 2024
spot_img
ПочетнаСценаЏеј Ло доби награда „Музичка икона“
spot_img

Џеј Ло доби награда „Музичка икона“

Џенифер Лопез беше прогласена за музичка икона на синоќешното доделување награди на iHeartRadio.

Поп-ѕвездата доби признание за својата долгогодишна кариера, а Бен Афлек беше во првите редови во публиката во Shrine Auditorium во Лос Анџелес за да ѝ даде поддршка на својата девојка заедно со синот Семјуел и со ќерка ѝ Еми.

Ден потоа медиумите го коментираат гестот на Афлек, со тоа што ги охрабри 10-годишниот син Семјуел и 14-годишната ќерка на Лопез, Еми, да ја гледаат како ја прима наградата.

Сите заедно ја гледаа како доаѓа на сцената во атрактивен маслинесто-зелен фустан со длабоко деколте и проѕирно здолниште.

Наградата е признание за нејзиното влијание во поп-културата, долгогодишната кариера, постојаната застапеност на радиостаниците и големиот број фанови во светски рамки.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ