Општи Штип донесе одлука во заборавената населба Кадидаре на улица „Личка“ да игради нов и модерен спортски центар.
Ваквата вест ја најави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, кој потенцираше дека само на овој начин може да се придонесе кон правилен раст и развој на најмладите.
„Спортскиот центар ќе биде направен според најмодерни стандарди. Со овој проект покажуваме дека во Штип нема повеќе да има заборавени населби, а вакви центри ќе добијат и сите останати делови од градот. За ова игралиште ќе бидат потрошени 1,5 милиони денари“, изјави Јорданов