петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsЈорданов: После 20 години, училишната зграда во штипска Чардаклија ќе биде целосно...
spot_img

Јорданов: После 20 години, училишната зграда во штипска Чардаклија ќе биде целосно реконструирана (ФОТО)

Ѕидови пред распаѓање, трева пред училишната зграда, стари и дотраени детски реквизити, прозорци речиси и да нема – ваква е сликата на терен на училиштето во село Чардаклија. Предизборно ветување на актуелниот градоначлник, Иван Јорданов, и проект кој чека негова реализација. За ваквата ситуација на терен свесен и Јорданов кој вели дека жално е што 20 години никој нема вложено во реконструкција на оваа зграда и ветува дека оваа година училиштето ќе добие нов кров, внатрешно уредување и уредување на дворното место.

„Според годишната програма за реконструкција на институциите во рамки на образованието дефинитивно училишната зграда во Чардаклија ќе биде реконструирана. Во изминатите повеќе од 20 години немало никаква инвестиција во ова училиште. Одвоиме повеќе од половина милион денари за реконструкција на кровната конструкција на училиштетот, за уредување на дворното место. Повеќе од десетина години ова и други училишта се заборавени и се трудиме во можност на нашите расположливи ресурси да ги модернизираме училиштата“ – вели Јорданов.

Потенцира дека предвидени се финансиски средства, тендер ќе биде распишан и училиштето ќе добие нов лик. Освен ова училиште во село Чардаклија реконструкција ќе следува и на дел од останатите основни и средни училишта на територија на Штип.

„Предвидени се финансиски средства, во текот на оваа година ќе биде распишан тендер за реконструкција на внатрешноста на училиштето како и за уредување на просторот пред самото училиште. “ – додава Јорданов.

Училишната зграда во Чардаклија чека реконструкција, а ќе се работи и на уредување на останатите училишни згради со што ќе се подобри процесот на образвонаие за учениците во Штип.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ