петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивотЈорданов на лице место во домот на Стојанови - Решен голем проблем...
spot_img

Јорданов на лице место во домот на Стојанови – Решен голем проблем на подвижно хендикепираниот штипјанец

Од денеска е решен голем проблем на подвижно хендикепираниот штипјанец, Иван Стојанов.

Неполна година, 31 годишниот, подвижно хендикипран Иван Стојанов се соочуваше со голем проблем, откако во проектната документација за реновирање на улицата „Панче Караѓозов” неговиот проблем го немало никаде, што практично значело дека тој со инвалидска количка никако не можел да ја напушти својата куќа.

Семејството Стојанови поднело лично барање до општина Штип за санација на овој дел од улицата, а по неколку месеци, проблемот е веќе минато.

На увид на улицата „Панче Караѓозов“ денеска беше и градоначалникот на Штип, Иван Јорданов. Тој оствари и лична средба со Иван Стојанов, давајќи му поддршка за ситуацијата во која се наоѓа, но и поттик на сите останати граѓани да ги пријават своите проблеми, ветувајќи дека истите ќе бидат решени, по примерот на ова семејство.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ