петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsЈорданов: Започнуваме со асфалтирање на сите улици во населба Балканска!
spot_img

Јорданов: Започнуваме со асфалтирање на сите улици во населба Балканска!

Почнаа градежните активности за асфалтирање на сите улици во населба Балканска. Станува збор за инвестиција од шест милиони денари, пари издвоени од буџетот на граѓаните на Општина Штип.

Општината со ова инвестиција ја продолжува реализацијата на проектот – „Штип без кал“.

Јорданов истакна дека по оваа населба, во блиска иднина ќе бидат асфалтирани и сите останати заборавени населби во Штип – (Чардаклија, Караорман, Железничка).

„Штипјани повеќе нема да газат по кал и прашина, сите заборавени населби ќе бидат урабинизирани, а овој проект ќе стапи во реализација етапно во секоја приградска населба“, потенцираше Јорданов.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ