петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаШтрајкот на вработените му пресуди - Макрадули повеќе не е директор на...
spot_img

Штрајкот на вработените му пресуди – Макрадули повеќе не е директор на „Пошта“

На денешната седница Владата одлучуваше и по решенијата на Комисијата за кадровски прашања и заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ да го отповика Јани Макрадули од должноста претседател на Управниот одбор и генерален директор и на оваа позиција го избере Васко Стефанов кој е разрешен од должноста заменик-директор на Агенција за вработување на Република Македонија.

Владата го разреши од должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија Стево Крстевски, а за вршител на должноста директор на ФЗОРСМ ја именува Магдалена Филиповска – Грашкоска, којашто е разрешена од должноста претседател на Инспекцискиот совет.

За в.д. претседател на Инспекцискиот совет на денешната седница Владата ја именуваше Даниела Рендевска.

Токму во „Пошта“ минатата недела вработените почнаа штрајк за зголемување на платите, а истиот ден на средба со Управниот одбор на која присуствуваше и Макрадули тие како понуда добија компромисно решение – наместо покачувањето на платите да биде веднаш, тоа да биде етапно, прво за вработените во технолошкиот процес, а потоа и за администрацијата.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ