Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, на својот Фејсбук профил најави дека после неколку години, конечно ќе бидат ставени во функција сите фонтани во централното градско подрачје, а со единствена цел да се разубави секојдневието на секој граѓанин.
Како што потенцираше тој, деновиве ќе се почне со изведба и на фонтаната „Плоштад Слобода“, која ќе биде огромно изненадување за најмладите генерации.
Целата објава и видео можете да ги погледнете на следниот линк: https://fb.watch/jSuBs7GiPd/