петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsСе зголемува бројот на хоспитализирани од Ковид – 19 во Штипската болница
spot_img

Се зголемува бројот на хоспитализирани од Ковид – 19 во Штипската болница

Зголемен бројот на хоспитализирани ковид – пациенти и во Штип и во Кочани. Според последниот извештај од штипската болница, во последните 24 часа новопримени се пет пациенти, дома заминале тројца. Со ова бројот на хоспитализирани е 52, од кои 47 на Инфективното и пет на Кожното одделение, но и 10 лица во дневна амбуланта. Од хоспитализираните, 35 имаат потреба од кислородна поддршка и се приклучени на апарати за дишење, а вакцинирани се 17 лица. Неколку дена во континуитет извештајот бележи по едно починато лице од Ковид – 19 во штипската болница. Во изминатото деноноќие битката ја изгубил еден пациент на 63 годишна возраст од Штип. Слободни се 17 ковид – кревети, 12 на Инфективното и 5 на Кожното одделение, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

Бројот на хоспитализирани е зголемен и во кочанската болница. Според извештајот од кочанската болница, во последните 24 часа новопримено е едно лице, нема испишани, ниту починати. Од хоспитализираните, вкупно 13, шест се вакцинирани, а 5 се на кислородна поддршка. На Интерното одделение, кое работи како ковид оддел, слободни се 14 ковид – кревети, информираат од болницата.

Според последните информации на Министерство за здравство, во последните 24 часа регистрирани 1.715 нови случаи на Ковид – 19, што е 35% од вкупниот број направени тестирања, односно 4.811. Од Истокот најмногу се во Штип и Кочани, 28 односно 26 нови случаи.

Од вкупниот број на позитивни (1.715), регистрирани се 240 реинфекции и една втора реинфекција. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 20 починати лица и уште четири пријавени преку системот Мој термин. Од вкупниот број на починати лица (n=24), 9 лица се целосно вакцинирани, а кај 20 лица се регистрирани коморбидитети. Оздравени, пак, се 2.057 пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 1.803.508 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 274.144, бројот на оздравени пациенти е 251.688, на починати е 8.494, а бројот на активни случаи изнесува 13.962.

Лаура Стојанова М-Нет

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ