четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsШтип „позеленува“: Населба Сењак добива нов парк за најмладите и највозрасните!
spot_img

Штип „позеленува“: Населба Сењак добива нов парк за најмладите и највозрасните!

Штипската населба Сењак ќе доби нова паркова површина вредна повеќе од еден милион денари, пари издвоени од буџетот на општината.

„Станува збор за нов прак со повеќе детски содржини, летниковци, садници, како и монтажен тоалет“, изјави Трајче Здравков, директор на ЈП Исар, Штип.

Дополнително тој најави дека и во следниот период ќе се продолжи со создавање на зелени површини низ Штип, а по населба Сењак, ќе следи населбата 8-Ноември.

„Ова ќе биде ново катче наменето за најмладите и највозрасните. Упатувам апел до нашите граѓани заеднички да го чуваме тоа што го правиме од нашите пари за Штип“, потенцираше Јорданов.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ