вторник, април 23, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsШтип и Злетовица потпишаа договор кој гарантира вода во секој момент
spot_img

Штип и Злетовица потпишаа договор кој гарантира вода во секој момент

Од денес Штип со вода се снабдува и од Златовица, со што стана третата општина од планираните 5 која ќе ја користи водата од хидросистемот.

Од денес, водоснабдувањето се врши комбинирано и тоа со вода од бунарскиот систем и од ХС Злетовица. ЈП Исар ги доби сите потребни дозволи за преработка на површинска вода и сите анализи кои се извршени во периодот на пробното тестирање, одговараат во целост со Правилникот за безбедност на вода, информираа попладнево од Исар.

Количините кои ќе треба да се преземат ќе зависат од потрошувачката, но годишно тие се во просек од околу 180 л/сек. Првата година, Исар водата на Злетовица ќе и ја плаќа по 4,69 денари за м/3 што значи месечен трошок од околу 2 милиони денари. Колку ова би значело заштеда за Претпријатието?

Максималните количини кои Штип може да ги преработи се 300 л/сек, додека капацитетот на Златовица  е околу 500-600 л/сек за сите 5 општини:

Овие количини гарантираат континуитет во водоснабдувањето, но за секој случај Штип има и алтернатива:

Инаку, ХС Злетовица е изграден во 2010 година, со капацитет на браната за акумулација од 25 милиони м/3 вода.

Водата од ова акумулација пред се ќе се користи за обезбедување на вода за пиење на над 100.000 жители, потоа за наводнување на 4.500 ha површина во атарот на општините Пробиштип и Кратово како и за производство на електрична енергија.

Браната е изградена со кредит од јапонска Џајка во висина од 60 милиони евра. Истиот треба да се врати до 2029 год. а обврската за тоа е на Министерството за финансии. По 2029 ХС Злетовица, парите ќе му ги враќа на Министерството без камата.

ТвСтар

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ