сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsШтипјани имаат потреба од јавен превоз, Општината веќе работи на барањето
spot_img

Штипјани имаат потреба од јавен превоз, Општината веќе работи на барањето

Јавен превоз во Штип – одамна тема на дискусија. За истиот постојано се разговара и преговара, но низ градот сѐ уште не може да се патува со јавен градски превоз. Граѓаните, особено оние од приградските населби за да дојдат до централното градско подрачје треба да користат сопствени возила или такси – превоз. Дали имаат потреба од јавен превоз ги прашавме жителите на една од приградските населби, населбата Баби. Тие се согласни дека навистина има потреба, бидејќи населбата е една од поголемите во Штип. Тамошните жители, особено повозрасните лица, велат дека најчесто од здравствени потреби често патуваат до центарот на градот.

И од Општината се согласни дека потреба од јавен превоз има, па затоа велат дека пристапуваат кон решавање на ова барање на граѓаните и тоа веќе во напредна фаза.

„Во комуникација со граѓаните од Урбаните и Месните заедници во општина Штип утврдена е потребата од јавен превоз и од овие причини Општина Штип е веќе во напредна фаза на изготвување на целокупната документација и собирање на сите потребни податоци кои се неопходни за почнување постапка преку којашто ќе го организираме јавниот превоз. Имено, овој јавен превоз ќе биде наменет за целата општина, меѓутоа потекнува токму од граѓаните од приградските населби на нашата општина“, рече Вишна Шорова – Ангелова, шеф на Кабинетот на Градоначалникот на Општина Штип.

Инаку, сегашниот градоначалник, Иван Јорданов, ова како ветување го имаше уште во предизборниот период, кога рече дека учениците, пензионерите и сите останати граѓани кои имаат потреба од јавен градски превоз на овој начин ќе ги намалат трошоците. Додаде дека нивна задача ќе биде да ги субвенционираат економските оператори и да обезбедат прифатлива цена за овој вид транспорт.


Ребека Спасова М-Нет
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ