СВР Штип поднесе кривичнa пријавa против Б.Д.(21) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 08.01.2022, по извршени проверки, било утврдено дека пријавениот го напуштил домот и не ја почитувал мерката изолација со што постапил спротивно на препораките и одлуките донесени од Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширење и сузбивање на коронавирусот КОВИД-19.