среда, април 24, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsШтипските средношколци не се приклучуваат кон протестите во петок
spot_img

Штипските средношколци не се приклучуваат кон протестите во петок

Штипските средношколци нема да се приклучат кон најаениот протест во петок пред Министерството за образование и наука. Од страна на Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите закажаа протест за во петок, како што велат со цел да се слушнат средношколците и нивните барања. Директорите на средните училишта во Штип велат дека до сега кај нив нема пристигнато најава дека учениците ќе излезат на протест.

„До сега во гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип нема најава од страна на средношколците дека ќе излезат на протест и дека ќе отсуствуваат од настава заради барањата кои се потенцирани на централно ниво. Доколку утре има промени ќе бидете благовремено известени“ – потенцираше директорот Арсов.

Идентична е ситуацијата и во средното медицинско училиште. Директорката, Марија Николиќ истакна дека учениците веќе започнале со одбрана на проектни задачи, редовно посетуваат настава и за сега нема најава за протест.

„Во однос на информациите кои ги добивме вчера од медиумите за организација на матурантите околу скратување на материјалот за државна матура, би сакала да информирам дека матурантите во СОУ Јане Сандански во Штип доаѓаат редовно на настава, немаме информација дека ќе се приклучат на протестот кој го подготвуваат и најавуваат матурнатите однонсо од Сојузот на средношколци. Тие веќе почнаа со одбрана на проектните задачи согласно термините кои се во календарот за организирање на државната матура, редовно посетуваат настава, а исто така од страна на предметните наставници веќе се спроведуваат подготовките за подготовка за државна матура по предметите македонски и англиски јазик“ – вели Николиќ.

Од страна на МОН пак потенцираат дека иницјативи за протести и отсуства не се потребни, бидејќи тоа е сосем спротивно од заложбите за задоволување на најдобрите интереси на младите. Истакнаа дека денеска се исплатени и средствата по основ на ученички и студентски стипендии на новите и постојните корисници.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ