сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsШтипските полициски службеници од денеска со мобилни камери
spot_img

Штипските полициски службеници од денеска со мобилни камери

Штипските полицијаци од денеска со мобилни камери. Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова во телефонски разговор за М-Нет телевизија истакна дека од денеска почнува функционирањето на мобилните камери и во Штип. Имено, употребата на мобилните камери беше најавена на почетокот на минатиот месец од страна на Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кога беше заокружен и прокетот со кој беа донирани 593 камери.

Мобилните камери претставуваат еден од најзначајните новитети во полициската работа, особено бидејќи се покажало дека имаат позитивен ефект. Значително бил намален бројот на жалби против полициски службеници, а спроведената екелтронска анкета 2021 година покажала повисоко ниво на сатисфакција на двете страни, и кај полициските службеници и кај граѓаните.

Со мобилниот систем за снимање не само што ќе се добие на квалитет во документацијата на прекршоците, туку ќе се подигне квалитетот на полициско постапување. Проектот снимање со поставување на мобилни камери на полицајците што вршат контрола и регулирање на сообраќајот е прокет на ИЦИТАП програмата на одделот за правда на Владата на САД, наменета за едниниците за сообраќај и одделот за гранични работи. Проектот е донација во вредност од еден милион и 61 илјада американски долари.

Лаура Стојанова М-Нет

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ