петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsШтипските пожарникари за првпат добиваат нова опрема
spot_img

Штипските пожарникари за првпат добиваат нова опрема

По дваесет години штипската противпожарна единица добива нова опрема. Станува збор за 37 броја огноотпорна опрема, наменета за шумски пожари. Наместо веќе дотраената добиена преку донации, сега пожарникарите ќе користат нова опрема која ќе им помогне да се справат со претстојните високи температури.

„По подолго време ТППЕ Штип добива прва нова професионална опрема која ќе ја користи за шумски пожари. Досега користевме дотраена опрема која беше донирана од страна на доброволни друштва од други држави. Се надевам дека со ваквата униформа ќе се справиме со сите предизвици“, истакна Дарко Коцев, командир на ТППЕ Штип.

Според градоначалникот Јорданов, оваа опрема ќе биде од голема корист на противпожарната единица, зашто значително ќе ја подобри состојбата и ќе ги олесни предизвиците со кои се соочуваат пожарникарите.

„Со ова целокупно ќе го заокружиме проектот со којшто ја модернизираме противпожарната единица и ја модернизираме опремата со која ќе оперираат нашите пожарникари во претстојниот период, во тие ризични месеци со шумски пожари. Ова е прва опрема од ваков тип и се надевам дека нема да биде последна затоа што најавуваме нови возила коишто ќе го обноват возниот парк и ќе бидат од корист на целиот регион“, истакна Јорданов.

Опремата е во вредност од 2.400.000 денари и станува збор за проект преку ИПА програмата за меѓугранична соработка. Јорданов најави дека во следниот период ќе пристигне и опрема од американската амбасада, како и ново противпожарно возило.

Ребека Спасова М-Нет

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ