четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаСценаШтипските борачи од „Балканец“ на прием кај градоначалникот
spot_img

Штипските борачи од „Балканец“ на прием кај градоначалникот

Борачите од штипскиот  Боречкиот клуб (БК) „Балканец“ денеска беа на прием во кабинетот на градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Борачите од овој клуб од  Блаканското првенство кое се одржа во Грција се вратија со два златни медали и три бронзени. Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека општината продолжува со поддршка на спортот и спортистите, додавајќи дека се работи и на спортската инфраструктура.

-Ја користам оваа прилика да ги честитам постигнатите резултати на последното Балканско првенство, три злата и две брозни. Ова ни дава дополнителна мотивација да продолжиме со поддршка на спортските клубови, работнци и на спортистите, вели Јорданов.

Успехот е забележителен, посочи тренерот Ананиев кој истакна дека сега се подготвуваат за европско првенство од кое се надеваат на уште поголеми резултати.

Членовите на БК „Балканец“ по враќањето од Балканското првенство во Штип беа пречекани и пред просториите на клубот од роднини, пријатели и навивачи.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ