Со медали се враќаат двајца членови на штипскиот кикбокс клуб „Гладијатор Фајт“ од Европскиот куп во Србија.
Сребрениот медал ѝ припадна на Антонија Тасева, која во првата борба победи со резултат 3:0 од борец на Црна Гора, а во финалето изгуби од домашен борец на Република Србија.
Бронза, пак, освои Андреј Алексов кој во првата борба победи со резултат 2:1 од борец на Босна и Херцеговина, а во четвртфиналето изгуби од борец на Република Србија.
На Европскиот куп Опен Србија учествуваше и Марио Алексов кој дома се враќа без медал.