вторник, март 19, 2024
spot_img
ПочетнаСпортШтипската легенда Павлов по третпат ќе ги брани боите на Македонија на...
spot_img

Штипската легенда Павлов по третпат ќе ги брани боите на Македонија на Европските игри во Полска

Македонскиот репрезентативец Емил Павлов обезбеди учество на Европските игри во Полска.

Третпат по ред штипјанецот ќе ги брани боите на Македоија на игрите во Полска кои ќе се одржат кон крајот на месец јуни оваа година.

Павлов е единствениот македонец кој по трети пат ќе учествува на овие игри.

Сѐ уште не е решено прашањето со финансиите, но тој се надева дека надлежните ќе излезат во пресрет и ќе го обезбедат учеството на Павлов на Европските игри во Полска.

Инаку, Европските игри се организираат на секои четири години, како еден вид на олимпијада, но има учесници само од Европа. Има натпревари во повќе спортови, како бокс, карате, атлетика, гимнастика и слично.

Павлов во 2015 година кога првпат учествуваше на овие игри се врати со бронза, а на претпоследните го освои петтото место.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ