четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаШофери внимавајте: Возење под дејство на алкохол или дуги недозволени супстанции ќе...
spot_img

Шофери внимавајте: Возење под дејство на алкохол или дуги недозволени супстанции ќе се смета за кривично дело

Ако возите под дејство на алкохол со концентрација од најмалку 1,50 г/промили во крвта, или возите под дејство на дроги, психотропни супстанции или прекурзори, или возите во забранет правец, претекнувате колона возила на непрегледно место или возите со брзина која надминува 70 километри на час над дозволената, согласно новиот член 403 во предлог текстот на Кривичниот законик, ќе се смета за кривично дело.

Учесник во јавниот сообраќај кој не се придржува на прописите за безбедност во сообраќајот и со тоа ќе го загрози јавниот сообраќај управувајќи во состојба на неспособност на возење предизвикана со употреба на алкохол во концентрација од најмалку 1,50 г/промили во крвта, дроги, психотропни супстанции или прекурзори, возејќи во забранет правец, претекнувајќи колона возила на непрегледно место или возејќи со брзина која надминува 70 км на час над дозволената ќе предизвика опасност за животот или телото на луѓето ќе се казни со парична казна или затвор до три години, предвидува новиот членот 403 од предложениот Кривичен законик.

Дали овој нов член навистина ќе и послужи на целта и ќе придонесе за зголемување на свеста кај возачите во земјава?

Додека во однос на кампањите за поголема безбедност кои како РСБСП ги спроведуваат во различни периоди од годината, според статистиките високите температури за време на летните периоди се многу поопасни за учество во сообраќајот.

Многу е важно граѓаните да бидат свесни дека не се само зимските услови опасни за учество во сообраќај. Статистички гледано летните периоди и овие високи температури, се многу поопасни за учество во сообраќајот. Сега сме сведоци на високи температури, зголемена фреквенција на сообраќај поради годишните одмори.

Апел до граѓаните кои тргаат на подолги дестинации да возат само два часа, половина час да одмараат, да се напијат ладен пијалак, да имаат секогаш ладна вода во возилата каде што патуваат, значи не морате да брзате ако одите на подалечна дестинација, почитувајте ги пропишаните правила и прописи, гледајте ги условите на патот.

Но и внимавајте на високите температури, денеска повеќето возила имаат клима уреди, но таму ако е 20 Целзиусови степени а надвор е 40, кога ќе излезете нагло може да дојде до некаков несакан здравствен ефект.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ