сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаСценаЧак Норис го слави својот 82. роденден: Како изгледа денес?
spot_img

Чак Норис го слави својот 82. роденден: Како изгледа денес?

Актерот Чак Норис денеска го слави својот 82. роденден. Роден како Карлос Реј Норис, го добил прекарот додека како 18-годишник служел во воздухопловните сили. Додека бил стациониран во воздухопловната база Осан во Јужна Кореја, тој почнал да учи боречки вештини.

„Ги слушам луѓето како велат дека денес полнам 82 години, а во реалноста денес наполнам 50 години со 32 години искуство, хаха! Ви благодарам на сите за роденденските желби и се надевам дека сите имате прекрасен ден“, напиша Норис на неговиот Instagram.

Чак денес ретко се појавува во јавноста, а гласините за неговата смрт кружат на интернет со години. Ваквите гласини беа во екот на пандемијата со COVID-19 кога на социјалните мрежи почнаа да се шират вести дека тој починал од компликации поврзани со вирусот. Се испостави дека тоа не е точно и дека Чак едноставно ужива во мирен, семеен живот.

Инаку, Норис беше првиот западњак кој заработи црн појас од 8. степен во теквондо. Во 1972 година, тој се појави во филмот за боречки вештини „The Way of the Dragon“, каде тој и Брус Ли имаа легендарна борбена сцена во римскиот Колосеум.

Норис глумеше и во хит серијата „Walker, Texas Ranger“, хит серија од 90-тите која траеше 8 сезони.

Шегите за Чак Норис обично се апсурдно претерани тврдења за неговата цврстина, сила, став, софистицираност и мажественост. Со текот на годините тие станаа интернет феномен.

„Чак Норис има каскадер само за сцени кога треба да плаче“, „Чак Норис не слави роденден, роденденот го слави него“, „Чак Норис е единствениот човек кој успеал да ја убеди баба си дека не е гладен“, „Чак Норис редовно донира крв, но не и своја“, се само дел од шегите инспирирани од ликот и делото на Чак Норис.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ