петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивотЦеновен шок: Зејтинот ќе достигне цена и до 150 денари за литар!?
spot_img

Ценовен шок: Зејтинот ќе достигне цена и до 150 денари за литар!?

Цената на маслото за јадење ќе се стабилизира на ниво меѓу 130 и 155 денари. Вакви се прогнозите на производителите на сончогледово масло, кои очекуваат дека кризата ќе потрае, поради што подолго ќе останат високите цени на храната.

Но, Србија воведува нови рестрикции. Ќе извезува ограничени количини на сончогледово масло, житарици и брашно и тоа по повисоки цени. Надлежните уверуваат дека нема проблеми во снабдувањето, во тек е испораката на договорените количини од Србија, а нерафинирано масло се набавува и од Бугарија и Романија но, по повисоки цени.

Министерот за економија уверува дека најдоцна во петок рафтовите во маркетите повторно ќе бидат полни со масло за јадење. Апелира граѓаните да не прават залихи.

Во меѓувреме, се прават стратегии за зголемување на насадите со сончоглед, со цел да се намали увозната зависност за производство на масло за јадење.

Производителите на масло бараат да се зголеми одгледувањето на сончоглед, бидејќи производството на таа култура е намалено за 90% и поради тоа мора да се увезува.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ