четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаЦЕНИТЕ РАСТАТ, ГРАЃАНИТЕ ЕДВАЈ ВРЗУВААТ КРАЈ СО КРАЈ
spot_img

ЦЕНИТЕ РАСТАТ, ГРАЃАНИТЕ ЕДВАЈ ВРЗУВААТ КРАЈ СО КРАЈ

Животот на граѓаните станува се поскап и поскап. Кесето се стега. Растат трошоците на живот и цените на мало и на месечно и на годишно ниво. Според последните податоци на Државниот завод за статистика во јануари споредбено со месец декември трошоците за живот се зголемени за 1,5 проценти, цените на мало за 1,2 отсто. 

„Цените на кафето, чајот, какаото бележат зголемување за 4,3 проценти. Рибата и морските плодови 3,5 проценти, овошјето за 3,4 процнети.“ – велат од ДЗС.

Поскапеле и зеленчукот, соковите, шеќерот, медот, чоколадото. Зголемување има и кај централното греење за 14 проценти и електричната енергија за домаќинствата за 9,4 проценти. Во јануари минималната кошничка е зголемена за 770 денари – и истата чинела 35.811 денари. 

Бројките се загрижувачки и на годишноп ниво – забележано е зголемување од 6,7 проценти кај трошоците на живот и за 7,3 проценти кај цените на мало. Во првиот месец од 2022 храната во однос на јануари лани поскапела за 9,2%, сепак на годишно ниво најголем раст има кај цените на горивата за сопствени превозни средства за 24%.

ДЗС 

„Јануари 2022 – Јануари 2021 – храна 9,2%. 

„Горива за сопствени превозни средства 24%.“

Па така ако пред една година ни беа потребни околу 40-тина денари за 100 грама кафе – сега истото го плаќаме по 50 денари па и повеќе. Граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Дали и какви мерки ќе се преземат надлежни и натаму калкулираат. Инфлацијата годинава проектирана на 2,4 проценти. 

До крајот на месецов важи одлуката која Владата ја донесе во месец декември за замрзнување на цените на дел од основните прхрамбени производи. Засега нема конкретни информации дали мерката ќе се продолжи или можеби истата ќе претрпи и измени. 

За да нема голем скок на домашните цени, една од опциите која е на маса во министерството за економија е маржата на увозните стоки од идниот месец да не биде поголема од 5 отсто.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ